Скопје од 4 до 14 октомври 2027 година ќе биде домаќин на IDO World HipHop & Breaking Championships, на кое се очекува учество на повеќе од 7.000 танчери од над 40 држави.
Светското првенство беше официјално најавено денеска на прес-конференција во „Т Арена“, во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во текот на единаесетте дена во Скопје ќе престојуваат илјадници танчери, тренери, судии, официјални делегации и гости од повеќе континенти.
Организаторите најавуваат едно од најголемите танцови првенства досега организирани во Македонија, со очекување земјата повторно да се позиционира како значајна дестинација за големи меѓународни натпреварувања.
На прес-конференцијата се обратија организаторот Трајче Петковски, претставници на International Dance Organization – IDO и директорот на „Т Арена“, Данијел Апостоловски.
Беше истакнато дека повторниот избор на Скопје за домаќин е резултат на искуството од претходните меѓународни натпреварувања организирани во Македонија.
На настанот присуствуваа и претседателот на Македонската асоцијација на модерни танци Панче Димов, Senior Vice President на IDO Фиона Џонсон, како и претставници на национални танцови федерации и организации од повеќе држави.
Организаторите најавија и продлабочување на соработката со танцови организации од Соединетите Американски Држави и Полска, со цел поголема размена на искуства и поврзување на македонските танчери и тренери со меѓународната сцена.
Скопје веќе има искуство со големи IDO натпреварувања. Во 2024 година градот беше домаќин на големо светско хип-хоп натпреварување со учесници од повеќе од 30 држави.
Во септември 2026 година во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа и IDO European Ballet, Jazz, Modern & Contemporary Championships, на кое учествуваа речиси 3.000 натпреварувачи.
Организаторите очекуваат Светското првенство во 2027 година да има ефект и врз локалната економија, со оглед на големиот број учесници, тренери, родители, делегации и посетители што ќе престојуваат во Скопје.
Најголем ефект се очекува во хотелскиот и угостителскиот сектор, транспортот и туризмо

