На 1 октомври (четврток) во 16:30 часот во просториите на КСП Центар – Јадро (Алберт Ајнштајн бр2) ќе се одржи изложбата „Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ на авторитеКлелија Живковиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца и Никола Ротироти и Јуриј Грузинов и Олексиј Сај, курирана од: Мелоди Робин и Алесија Симонети. Изложбата ќе биде пропратена со дебата „Сè уште независни? Каква иднина за независната културна сцена во Европа“ на која ќе учествуваат Ѓорѓе Јовановиќ (Центар Јадро, Скопје), Јана Јовашевиќ (U10, Белград), Паоло Асенца (Spazio Y, Рим), Илона Демченко (Jam Factory, Киев). Дебатата ќе ја модерира Мелоди Робин.
Изложбата Thorning Point – Форми на колективно дејствување, курирана од Мелоди Робин и Алесија Симонети, обединува уметнички практики од четири независни простори – КСП Центар-Јадро (Скопје), U10 Art Space (Белград), Spazio Y (Рим) и Jam Factory (Лавов) – отворајќи простор за размислување за автономијата, самоорганизацијата, солидарноста и колективното дејствување, односно за тоа што значи денес да се минува низ бодликавите пресвртници на независното творештво.
Колку бодликава може да биде една пресвртница? За уметниците на изложбата, трнот претставува нарушувачка, но истовремено и продуктивна сила – нешто што го штити просторот на креативната слобода, а воедно создава можности за средба, трансформација и нови форми на заедништво.
Со дела од Клелија Живковиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца и Никола Ротироти, како и Јуриј Грузинов и Олексиј Сај.
По отворањето ќе следува дебата, модерирана од Мелоди Робин, на која ќе дискутираат Ѓорѓе Јовановиќ (Центар Јадро, Скопје), Јана Јовашевиќ (U10, Белград), Паоло Асенца (Spazio Y, Рим), Илона Демченко (Jam Factory, Киев).
Разговорот ќе се однесува на независните културни центри како простори за креација, експериментирање и средби, независните културни места нудат видливост на алтернативни уметнички практики, а воедно го поттикнуваат појавувањето на нови форми на солидарност и колективна организација. Соочени со несигурно културно финансирање и зголемена контрола врз уметничкото творештво, како овие простори можат да ја зачуваат својата слобода и да ја обезбедат својата одржливост во Европа? Преку искуствата на неколку европски места, оваа дискусија ќе ги испита економските, социјалните и политичките предизвици со кои се соочуваат, како и нивната улога во виталноста на современата уметничка сцена.
Thorning Point – Форми на колективно дејствување е дел од програмата Европски дијалози во Скопје – Споделени наследства и хоризонти, организирана од Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

