ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,5 отсто, гласале 3.331 избирач

Брвеница

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 13 часот гласале 3.331 избирач, односно 20,50 отсто од запишаните во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во општината се запишани вкупно 16.256 гласачи, кои гласаат на 24 избирачки места. Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот.

Според претходните информации од ДИК, до 11 часот на гласање излегле 1.480 избирачи, односно 9,11 отсто. До 9 часот, пак, гласале 400 избирачи, што претставува излезност од 2,46 отсто.

На изборите учествуваат шест кандидати за градоначалник. Предвременото гласање е распишано по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.

Гласањето продолжува до 19 часот, по што ќе следуваат пребројувањето на гласовите и објавувањето на изборните резултати.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?