Квантна физика на штикли – професорот што ја претвори науката во интернет-хит

Квантната физика не е баш првата работа што ви паѓа на ум кога ќе видите високи потпетици и танц на Инстаграм. Но, токму со оваа необична комбинација, младиот физичар Рареш Фота, познат како Professor Diva, успева да привлече публика која можеби никогаш не би отворила учебник по физика.

Наместо класични предавања пред табла, Professor Diva објаснува сложени научни концепти додека танцува на високи потпетици. Неговите видеа комбинираат хумор, музика, движење и наука, а целта е едноставна – физиката да стане разбирлива, забавна и достапна за поширока публика.

Фота е докторанд по теоретска физика на Универзитетот Илиноис во Урбана-Шампејн, а на социјалните мрежи го развива својот препознатлив стил преку содржини во кои објаснува научни појави на неконвенционален начин.

Во неговата серија „Explaining Science in Heels“ високите потпетици не се само моден детал, туку дел од настапот со кој ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледа еден научник и како треба да се пренесува знаењето.

Неговиот пристап отвора и пошироко прашање: дали науката мора секогаш да биде сериозна за да биде сфатена сериозно? Professor Diva покажува дека сложените теми можат да се објаснуваат и со хумор, креативност и малку сценски настап, без да се изгуби нивната научна суштина.

Во време кога социјалните мрежи се преплавени со забавни содржини, овој физичар успева да најде простор и за науката. И тоа на високи потпетици.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?