Протестите во Франција го одложија дербито ПСЖ – Лион

Дербито меѓу Пари Сен Жермен и Лион, закажано за недела, 25 октомври, е одложено за понеделник поради најавените масовни протести во Франција и зголемените безбедносни мерки.

Одлуката ја донесе париската полиција, која процени дека поради протестите нема да има доволно полициски ресурси за обезбедување на натпреварот. И покрај противењето на француската фудбалска лига, средбата е презакажана за 26 октомври во 20:30 часот.

Интересно е што новиот термин се совпаѓа со церемонијата за доделување на „Златната топка“ во Лондон, за која меѓу кандидатите се и неколку фудбалери на ПСЖ.

Слична ситуација се случи и минатата година, кога ПСЖ играше против Марсеј токму за време на доделувањето на престижната награда.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?