СДСМ: Мицкоски зборува за европска иднина, а Македонија изостанува од пораките за проширување

СДСМ го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски по неговото обраќање по повод 23 Октомври, оценувајќи дека пораките за заштита на иднината, идентитетот и државните интереси мора да бидат поткрепени со реформи и напредок кон Европската Унија.

Од партијата посочија дека Мицкоски зборувал за европската перспектива и за заморот на граѓаните од долгогодишното чекање, додека, според нив, Македонија изостанала од неодамнешните пораки на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Во соопштението се наведува дека Кос зборувала за напредокот на Црна Гора, реформското темпо на Албанија, изборите во Србија и обврските на Косово, но не ја споменала Македонија. СДСМ го толкува тоа како показател за застојот на европскиот пат на земјата.

„Заштитата на идентитетот не се мери со говор. Се мери со тоа дали земјата напредува или стои во место“, порачаа од СДСМ.

Партијата се повика и на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Европа ја очекува Македонија со нејзиниот јазик и идентитет. Воедно, СДСМ ја нагласи потребата од независни институции, реформи и соработка со Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.

Од СДСМ ја обвинија Владата дека не ги завршила реформите во ветениот рок до 1 јуни и упатија критики за управувањето со јавните финансии и за институционалната одговорност.

Во реакцијата се критикува и политичката реторика насочена кон минатото, за која партијата оцени дека ги продлабочува поделбите наместо да понуди перспектива за младите.

СДСМ побара од Мицкоски да се насочи кон исполнување на реформските обврски и создавање услови за напредок кон членство во ЕУ.

„ЕУ е државен интерес и подобар животен стандард“, порачаа од партијата.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?