Отворени пријавите за Скопскиот маратон, следното издание на 3 октомври 2027

На 3 октомври 2027 година ќе се одржи следното издание на Виз Ер Скопски маратон. Организаторите го потврдија датумот преку официјалниот профил на настанот и соопштија дека пријавувањето е отворено.

Регистрацијата се врши преку официјалната платформа за пријавување, каде што е достапно изданието за 2027 година. До неа може да се пристапи и преку врската во описот на профилот на маратонот.

Во повикот за учество, организаторите ја истакнаа и атмосферата што ја создава настанот во Скопје.

„Маратонот не е само трка, туку забава, музика, насмевки и енергија што се чувствува на секој чекор“, наведоа во објавата.

Најавениот датум им овозможува на заинтересираните навреме да го испланираат учеството и подготовките за трчање низ главниот град.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?