Македонски новинарски екипи што патувале во Белград за утрешните парламентарни избори биле задржани на границата со Србија, при што привремено им биле задржани пасошите. За случајот извести новинарот Александар Спасовски во јавување за „Сител“.
„Повеќе од два, можеби два и пол часа ни беа одземени пасошите. Веројатно се вршеа одредени проверки“, изјави Спасовски. Според него, покрај екипата на „Сител“, чекале и други македонски новинари.
По задржувањето им бил дозволен влез во Србија.
Граничните власти не навеле официјална причина за задржувањето и граничниот премин Табановце.
Во Србија утре, на 25 октомври, се одржуваат вонредни парламентарни избори. Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.
