Здружението на новинари на Србија бара да се одземе дозволата на ТВ Информер

Независното здружение на новинари на Србија и граѓански организации денеска поднесуваат формално барање до Регулаторното тело за електронски медиуми за одземање на дозволата за емитување на телевизијата Информер.

Барањето до српскиот медиумски регулатор доаѓа како одговор на повеќегодишно и систематско кршење на законите и програмските обврски кои институцијата досега не ги санкционираше, соопшти новинарското здружение.

Иницијативата официјално ја поднесуваат претставници на организации од граѓанското општество, новинарски здруженија и претставници на катедрите за новинарство од универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш.

Институционалната реакција следува по синоќешните инциденти во Белград, кога група граѓани влезе во просториите на телевизијата Информер и го прекина емитувањето на програмата во живо. Пред зградата на медиумот интервенираше полицијата, по што дојде до судир со дел од собраните демонстранти.

По повод инцидентот реагираше и опозициската Студентска листа, која посочи дека не поддржува упади во институции и медиуми, ниту повикува на такви чекори. Од движењето порачаа дека борбата за слобода на медиумите и професионално новинарство мора да се води преку институционален пат.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?