Здружението „Азно“ оваа сабота ја започнува серијата работилници посветени на старите ракописи, со првиот настан насловен „Тајните на древното мастило“.
Целта на оваа работилница е да ги доближиме традиционалните вештини, историјата и пишаното наследство до децата и младите на интерактивен и инспиративен начин. Ќе ги откриваме тајните на старите ракописи,на македонското ракописно наследство. Ќе се изучува древната ракописна техника, богатите илуминации (украси) и минијатури. Ќе се запознаеме со глаголицата.пергаментот и мастилата.. Инспирирани од ракописната традиција, учесниците ќе создадат свое дело, свој “древен ракописен лист“.
На работилницата, учесниците ќе имаат и можност да ја научат македонската азбука на знаковен јазик од професионален толкувач на знаковен јазик.
Работилницата ќе се одржи на 31 октомври, во Градската библиотека Браќа Миладиновци- Скопје.
Пријавувањето за учество во работилницата може да се направи со порака на Фејсбук и Инстаграм страните на Азно и на мејл: zdruzenieazno@gmail.com
