Герасимовски најави фотоволтаици на сите општински училишта и градинки во Центар

Сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар треба да добијат фотоволтаични централи до крајот на мандатот, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Следна е поставувањето централа на основното училиште „Димитар Миладинов“, откако ќе заврши реконструкцијата на покривот.

Според Герасимовски, фотоволтаици веќе се поставени на клонот „Пепелашка“ на градинката „Корчагин“ и на училиштата „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Тој ги претстави општинските енергетски проекти на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамките на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Градоначалникот се осврна и на општинското претпријатие „Енергија Центар“, формирано во 2023 година за производство и продажба на струја од обновливи извори. За планирањето и заштитата на зеленилото, посочи дека општината користи Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои ја следи состојбата со зелените површини.

Герасимовски рече дека граѓаните треба да учествуваат уште во планирањето на јавните простори, кои мора да бидат пристапни и за постарите, лицата со попреченост и родителите со детски колички. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот“, порача тој.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?