Исчезнале речиси осум тони медицински канабис во струмичко, кривична за фирма и управител

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од струмичкото село Борисово и против управителот В.К., откако контролата открила дека недостигаат над 7,8 тони сув цвет од медицински канабис без соодветна документација и покритие.

Пријавените се товарат за сторени кривични дела по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Пријавата е поднесена против фирмата регистрирана во село Борисово, општина Ново Село, како и против нејзиниот управител В.К. од Ново Село, со престој во Струмица.

Неправилностите биле констатирани при вонредна контрола во просториите каде што се складирал сувиот цвет од растението. Инспекцијата ја спровеле полициски службеници од СВР Струмица заедно со претставници од надлежната комисија при Министерството за здравство.

При увидот било констатирано дека во складот недостигаат точно 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, количина за која правното лице немало никакво законско покритие или евиденција.

Покрај недостигот на суровината, надлежните органи утврдиле и сериозни пропусти во водењето на задолжителната документација на компанијата, вклучително и неправилности поврзани со ангажираниот кадар во објектот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?