Илија Димоски – Шаторо добитник на наградата за животно дело во Прилеп

Илија Димоски – Шаторо, првиот претседател на Општинското собрание на Прилеп во плуралистичкиот демократски период, е добитник на наградата за животно дело „3 Ноември“, која се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.

Одлуката ја донесе Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, а имињата на добитниците ги соопшти претседателот на Комисијата, советникот Христијан Тунески.

Покрај наградата за животно дело, годинава ќе бидат доделени четири плакети на институции, организации и компании, како и осум дипломи за поединци кои постигнале значајни резултати во науката, образованието, спортот, културата и уметноста.

Плакети „3 Ноември“ добиваат:

  • Црковниот хор при црквата „Св. Петка“, за придонесот во духовниот и богослужбениот живот.
  • Винаријата „Сарика“, за производство на автентично вино и развој на лозарството.
  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по повод 65 години од постоењето на Меморијалниот музеј „11 Октомври“.
  • „Витаминка“, по повод 70 години постоење.

Дипломите „3 Ноември“ ќе им бидат доделени на:

  • Никола Здравески, за освоените златен и сребрен медал на Светската олимпијада по географија.
  • Кирил Петрески, постхумно, за долгогодишниот придонес како драматург и режисер во Театарот „Војдан Чернодрински“.
  • Благица Чатлеска, наставничка по англиски јазик во ООУ „Гоце Делчев“, прогласена за најдобар просветен работник во Македонија.
  • Димитар Димитриоски, ракометар и најдобар стрелец во македонската Ракометна суперлига.
  • Стефче Стојковски, музички уметник и чувар на македонскиот фолклор.
  • Матеј Белистојаноски, светски и европски првак во карате во својата категорија.
  • Проф. д-р Антонио Јакимовски, за високи достигнувања во областа на археологијата.
  • Марјан Стојаноски, академски уметник и скулптор.

Наградите ќе бидат врачени на 3 ноември, на свечената седница по повод Денот на ослободувањето на Прилеп.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?