Технолошкиот сектор со нов пад на берзите поради слаби резултати и ВИ

Блумберг

Акциите на водечките светски технолошки компании забележаа остар пад по разочарувачките финансиски извештаи на американските гиганти, што ги продлабочи стравувањата на инвеститорите околу исплатливоста на огромните вложувања во вештачката интелигенција.

Бранот на продажба уследи откако тримесечните резултати на Амазон потфрлија во однос на очекувањата за профит и приходи, додека Интел објави значително послаба прогноза поради намалена побарувачка за процесори за лични компјутери и проблеми во синџирот на снабдување.

Ден претходно, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти за побавен раст на приходите од рекламирање и пребарување, истовремено најавувајќи зголемување на капиталните расходи. По овие објави, акциите на Алфабет паднаа за повеќе од 12 проценти, Амазон загуби над 7 проценти во тргувањето по затворањето на берзите, додека Интел забележа пад од дури 23 проценти. Технолошкиот индекс Насдак денот го заврши во минус од над еден процент.

Негативниот тренд од Волстрит се прелеа и на азиските берзи, каде што јужнокорејскиот производител на чипови СК Хајникс падна за над 7 проценти, Самсунг загуби 3 проценти, додека јапонските полупроводнички компании Киоксија и Адвантест забележаа пад од шест до седум проценти. Тајванскиот гигант ТСМЦ загуби речиси два проценти од вредноста.

Пазарните аналитичари посочуваат дека сезоната на финансиски извештаи се покажа исклучително тешка за компаниите поврзани со вештачката интелигенција. Според проценките, главната загриженост на пазарите не е само моменталното темпо на побарувачка, туку ризикот високите трошоци за финансирање да ги принудат технолошките гиганти да го забават развојот на инфраструктурата за вештачка интелигенција пред таа да донесе стабилен профит.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?