РТС во недела со отворено студио во Нови Сад и 16 минути молк

„Мајка Македонија“
Аутор: Acka27 – Сопствено дело, Јавно власништво, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=5194358

Радио-телевизија Србија во недела организира отворено студио во Нови Сад и ќе емитува 16 минути молк за жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица.

Ова го најави новинарот и уредник на дописништвото на РТС во Нови Сад, Милан Срдиќ, по повод годишнината од трагедијата во која загинаа 16 лица. Тој посочи дека јавниот сервис за првпат ќе реализира ваков формат наместо редовната филмска шема, со цел достоинствено одбележување на трагедијата од градот на настраданите.

Срдиќ изјави дека прифатил да ја води емисијата под два услова – во програмата да гостуваат студентите и во етерот да биде емитуван молк во траење од 16 минути, по една минута за секоја жртва. Тој нагласи дека техничките подготовки доцнат, но дека новите структури во куќата се обидуваат да ја реализираат емисијата.

Новинарот се осврна и на актуелните кадровски промени во РТС, оценувајќи дека смените се неопходни за јавниот сервис да опстане и да ја исполни својата законска улога. Според него, одговорност мора да понесат сите што пласирале невистини во информативниот дел од програмата, а не само раководството кое веќе замина.

Срдиќ потврди и постоење на списоци на неподобни новинари во претходниот период, наведувајќи дека по потпишувањето на барањето за смена на поранешното раководство, повеќе колеги останале без договори или биле отстранети од работните позиции. Тој додаде дека сегашните решенија за уредничките функции се привремени додека не се воспостави законска процедура со синдикатите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?