По медиумските објави Јаневска тргна да бара бубашваби во „Стив Наумов“

По снимките од вода што тече од таваните, поплавена соба и бучни радијатори, министерката за образование Весна Јаневска денеска го посети студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите ги прашуваше дали имаат влага, глувци и бубашваби.

Министерката Јаневска во стил на Вучиќ отиде во инспекиција со најава за медиуми која беше споделена во тесна група но не и како официјално соопштение до медиумите а потоа видно вознемирана со строг тон тргна да допира радијатор за да провери дали е топол. Студентот кого го праша за бучавата од парното одговорил дека кај нив нема таков проблем.

Еден студент се пожалил дека за вечера често добиваат кроасан и млеко. Други студенти со кои разговарала во мензата негирале дека се соочуваат со проблеми.

„Ако има проблем, ќе го решаваме“, порача Јаневска.

Посетата следува по новите објави на студентската платформа „Студентарија“, која сподели снимки доставени од станари на домот. Според платформата, видеата се од вечерта на 29 октомври. На нив, според објавените медиумски извештаи, се гледа вода што продира од плафоните и се разлева меѓу креветите и шкафовите, а се слуша и силна бучава од системот за греење.

Од „Студентарија“ го отворија прашањето за квалитетот на изведените работи и дали недостатоците биле отстранети пред студентите повторно да се вселат во објектот по реконструкцијата.

Само неколку дена претходно, на 24 октомври, Јаневска тврдеше дека условите во „Стив Наумов“ се одлични. Пријавените недостатоци ги опиша како изолирани ситуации што изведувачот ги санира во рамките на гаранцијата.

Во тогашната реакција МОН наведе и случаи на неодговорно користење на просториите, меѓу кои затната канализација поради влажни марамици, активирани аларми и откорнат радијатор. Но тие примери сами по себе не го објаснуваат потеклото на водата во собите пријавена во најновите снимки.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?