76-годишник нападнат со кундак и ограбен во својот дом

кривична

Двајца познаници физички нападнале 76-годишен жител на скопско во неговиот дом и му одзеле пари, според пријавата во полиција. Еден од напаѓачите го удрил со кундак од огнено оружје.

Нападот се случил на 31 октомври околу 21:15 часот. К.П. (76) го пријавил случајот во СВР Скопје утрово, на 1 ноември, во 05:30 часот.

Во пријавата навел дека ги познавал двете лица што го нападнале и му ги одзеле парите. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?