Демант на Народна банка

НБРМ

Народна банка на Република Северна Македонија, достави демант, кој го објавуваме во целост:

Во врска со објавените наводи на порталот „Трилинг“, а кои Рацин ги пренесува (https://racin.mk/makedonija/nov-zaplet-so-alta-banka-bitola-prashana-za-dvojnata-uloga-na-administratorot/) со кои се доведува во прашање назначувањето на администраторот на АЛТА банка АД Битола, Народната банка најостро ги отфрла ваквите инсинуации.

Согласно со член 57 став (1) точки 3 и 4 од Законот за банките, претходна согласност за именување членови на Управниот и Надзорниот одбор на банка дава Извршниот одбор на Народната банка, составен од гувернерот и вицегувернерите. Значи, согласностите за именување на членовите на органите на Банката ги донел Извршниот одбор на Народната банка, а не лицето кое сега ја извршува функцијата администратор.

Оттука, целосно е неосновано да му се припишува на администраторот одговорност за одлуки што ги донел друг, законски надлежен орган на Народната банка, и врз таа основа да се доведува во прашање неговото сегашно назначување и работење.

Ваквото претставување на фактите создава погрешна перцепција во јавноста и претставува обид за дискредитирање на администраторот преку припишување овластувања и надлежности што тој никогаш не ги имал.

Со почит,

Отсек за комуникации

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?