Запленети речиси 170 килограми нелегален тутун во Прилеп

Царинската управа заплени 168,7 килограми режан тутун на пазарот и на плоштадот во Прилеп, со што е спречено избегнување на акциза во вредност од 463.787 денари.

Акцијата за контрола на акцизни производи ја спроведоа царински службеници од царинарницата во Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи, со асистенција на полицијата.

Инспекциите биле извршени на зелениот пазар и на градскиот плоштад во Прилеп. При надзорот се фатени шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички.

Против затекнатите продавачи се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и пред Комисијата за прекршоци при Царинската управа.

Ова е втора ваква заплена на Царината во краток период, откако претходно на пазарот во скопски Чаир беа одземени 135 килограми нелегален режан тутун. Од институцијата најавуваат продолжување на засилените контроли и истраги низ целата држава со цел сузбивање на сивата економија со тутунски производи.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?