Судот изрече упатување во воспитно-поправен дом за насилството врз девојче во Ѓорче Петров

Кривичниот суд изрече мерка упатување во воспитно-поправен дом за четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во скопската општина Ѓорче Петров.

На првообвинетата ѝ е изречена мерка во траење од една година. За другите три малолетнички е определен престој од по осум месеци.

Упатувањето во воспитно-поправен дом не е правосилно

Од судот потврдиле дека одлуката е во фаза на писмена изработка и сè уште не им е доставена на странките. Таа засега не е правосилна.

Постапката се водеше според Законот за правда за децата, по претходно поднесени кривични пријави за насилство.

Случајот ја вознемири јавноста во март 2026 година, кога беше обелоденето дека девојчето било физички нападнато во два одделни наврати. Дел од нападите биле снимани со мобилни телефони, а видеоснимки и фотографии биле споделувани на социјалните мрежи.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?