Уапсени 10 возачи, меѓу нив двајца малолетници без положен возачки испит

Полицијата во изминатото деноноќие уапсила 10 возачи на различни локации во државата поради сомнение за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Седуммина возеле без положен возачки испит, двајца управувале и покрај активна забрана, а еден бил под дејство на алкохол.

Меѓу возачите без положен испит се 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино. По истата основа биле уапсени и Р.Џ. (27) од Крушопек, А.М. (32) од Чашка, Б.М. (45) од Берово, М.К. (20) од Драслајца и Б.С. (39) од Обршани, Општина Кривогаштани.

Со активна забрана за управување моторно возило биле затекнати Ј.Б. (23) од неготинското село Тремник и З.Ј. (55) од Скопје. А.Ц. (55) од Прилеп, пак, управувал возило под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат соодветни кривични пријави по целосното документирање на случаите.

Министерството апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без положен испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?