Македонија во последниве 77 години нема измеренно повисока температура од онаа која беше измерена денес на 13 ноември.
Уште во 10 часот во Скопје и во Гевгелија биле измерени по 22 степени. До вечерва, споредбата на петоков, 13 ноември 2026, е на прво место меѓу сите 13 ноември од 1950 година наваму.
Во ажурирањето во 19 часот, платформата на climate.mk прикажа дневен максимум од 26,6 степени за Скопје. Тоа е највисоката вредност меѓу локациите што ги следи и е за 4,8 степени над досегашниот максимум за истиот датум во серијата. Во 1969 и во 2015 година, највисоката вредност била 21,8 степени.
Топлото време ќе попушти веќе во сабота. УХМР најавува пад на температурите, најизразен во северните делови на Македонија.
