Македонија против Кипар за опстанок во Лига Б, реваншот пред домашната публика

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Кипар во баражот за опстанок во Лига Б од Лигата на нации. Противникот беше одреден на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Двомечот ќе се одигра во март 2027 година. Македонија прво ќе гостува на Кипар, а реваншот ќе го игра на домашен терен, благодарение на статусот на носител во извлекувањето.

Баражите се предвидени во периодот од 25 до 30 март. Победникот од двомечот ќе обезбеди место во Лига Б во следното издание на натпреварувањето, додека поразената репрезентација ќе настапува во Лига Ц.

Македонија до оваа фаза стигна по разочарувачкиот настап во групата 1 од Лига Б, каде што заврши на последното место со шест порази, еден постигнат и 15 примени голови. Кипар, пак, го освои второто место во својата група во Лига Ц и преку баражот ќе се обиде да избори пласман во повисокиот ранг

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?