Возач удрил во 69-годишна жена на „Јане Сандански“ и избегал, таа е тешко повредена

Шеесет и деветгодишна скопјанка е тешко повредена откако во неа удрило патничко возило на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, а возачот го напуштил местото на несреќата.

Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 ноември околу 9:50 часот. Повредената С.С. била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?