Пет дена беше портпаролка на Трамп, сега е под истрага за адвокатската титула

портпаролка

Кејти Закарија, која помина само пет дена како портпаролка на Белата куќа, е предмет на истрага на Адвокатската комора на Калифорнија поради наводи дека се претставувала како адвокатка без лиценца за работа. Нејзиниот претставник ги отфрли обвинувањата како неосновани и политички мотивирани.

Истрагата следува по претставка што организацијата „Кампања за отчетност“ ја поднела на 14 октомври. Организацијата соопшти дека на 19 ноември добила писмо од Комората со известување дека случајот им е доделен на истражител и правен советник.

Во претставката се наведува дека Закарија повеќепати се претставувала како адвокатка во телевизиски настапи, иако, според објавените информации, немала дозвола да ја врши професијата во Калифорнија или во друга американска држава.

Закарија дипломирала право на Универзитетот Пепердајн во 2011 година. За време на краткиот мандат во Белата куќа, во интервју за „Фокс њуз“ призна дека не го положила адвокатскиот испит. Ројтерс тогаш објави дека не пронашол евиденција за нејзино членство во адвокатска комора во ниту една американска држава или во округот Колумбија.

Нејзиниот портпарол, во изјава за „Њузвик“, оцени дека претставката е политички мотивирана и претставува трошење на времето и ресурсите на Комората. Тој изрази увереност дека случајот ќе биде затворен без утврдување неправилности.

Од Комората нагласија дека поднесена претставка или отворена истрага не значи дека е утврдено неовластено вршење адвокатска дејност.

Закарија ја презеде функцијата портпаролка на 12 октомври, а замина на 16 октомври, по само еден брифинг со новинарите. Ројтерс, повикувајќи се на двајца функционери од Белата куќа, тогаш објави дека била отпуштена по критиките за нејзините настапи и прашањата за професионалните квалификации.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?