Извршниот директор на Мета, Ник Клег, денеска изјави дека сегашните модели на вештачка интелигенција (ВИ) се „прилично глупави“ и ги минимизираше потенцијалните ризици од нивното користење.
Тој рече дека возбудата за појавата на вештачката интелигенција е прерана во однос на нивото на нејзиниот технолошки развој.
Клег објасни дека сегашните модели на вештачка интелигенција се далеку од тоа да размислуваат независно, и „се прилично глупави на многу начини“, изјави претставникот на компанијата која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм.
Мета објави општа бесплатна употреба на јазичниот модел „AI Llama 2“ дури и за комерцијални цели.
Клег рече дека таквите платформи кои работат со „чет-ботови“ како ChatGPT, во основа само составуваат делови од огромна јазична основа и прават реченици со погодување кој ќе биде следниот збор во низата.
Клег додаде дека предупредувањата за „егзистенцијална закана“ за човештвото од страна на некои експерти за вештачка интелигенција се однесуваат на системи кои сè уште не постојат.