Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гутереш и одговори на Цвијановиќ дека ОН не се потписнички на Дејтонскиот договор

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на барањето на српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, на институциите на Босна и Херцеговина да им се достави одлуката на Советот за безбедност за назначување високиот претставник во БИХ, Кристијан Шмит, одговори дека „ОН не е потписник на Дејтонскиот договор, ниту ОН се членка на Советот за имплементација на мирот“, единственото релевантно тело за назначување на висок меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, јавуваат федералните медиуми.

Цвијановиќ неодамна од Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН да се достави одлуката за назначување на германскиот дипломат Шмит за висок претставник во БиХ во согласност со, како што наведе, Анекс 10 од Генералниот рамковен договор за мир, Дејтонскиот договор од 1995 година.

Во одговорот, кој, како што се наведува, е доставен преку Мисијата на ОН во Босна и Херцеговина, се истакнува дека документите на Советот за безбедност на ОН се на располагање на системот за официјална документација на ОН. Тие додадоа дека Секретаријатот на ОН останува посветен на поддршката на БиХ на нејзиниот пат кон одржлив мир и развој.

„Се надеваме дека во иднина ќе ја продолжиме соработката со сите елементи во земјата кои водат кон таа цел, се вели во одговорот на Гутереш.

Зачлени се на нашиот е-билтен