Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуацијата на границата со Белорусија

Полското Министерство за одбрана соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата долж границата со Белорусија и дека е подготвено за различни сценарија, пренесуваат британските медиуми.

Соопштението беше објавено откако стана јасно дека руската платеничка група „Вагнер“ изведува вежби заедно со белоруската армија во близина на границата со Полска.

„Границите на Полска се безбедни, ја следиме ситуацијата долж нашата источна граница и подготвени сме за различни сценарија во зависност од развојот на ситуацијата“, се наведува во текстот на полското министерство. 

Зачлени се на нашиот е-билтен