Младински образовен форум (МОФ) и оваа година ја организира својата Летна академија за младински права, демократија, младинско учество и организирање и адресирање на социјални предизвици и проблеми.
Академијата ќе се одржи од 21-25 август 2023 година (понеделник-петок) во хотел Истатов, Дојран. На Академијата ќе учествуваат 100-тина млади од Северна Македонија кои ќе добијат прилика да присуствуваат на стручни предавања и панел-дискусии што ќе понудат опсег на знаења и вештини и ќе ги оспособат да станат поактивни во своите локални заедници преку акции за застапување.
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади на возраст од 15-25 години кои живеат на територијата на Северна Македонија, кои се членови на МОФ, но и оние млади кои досега немале прилика да се вклучат во активностите и настаните на организацијата.
Секој учесник ќе треба да направи избор на траките што би сакал да ги слуша согласно своите преференци и приоритети. Финалниот избор ќе се направи според квалитетот на поднесените апликации и до пополнување на ограничениот број на места по траките: Дебата; Учиме право – Младите и Демократијата; Истражување и креирање младински политики; Артивизам; Како да бидам новинар?
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на Академијата, потребно е да го пополнат следниот прашалник. Повикот е отворен од 21 јули 2023 година (петок) до 2 август 2023 година (среда) во 17:00 часот.
МОФ Летната академија 2023 се организира со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.