За експлицитната закана по животот на новинарката Бехадини, Здружението на новинари (ЗНМ) излезе со реакција и го пријави до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика
ЦИВИЛ Центар за слобода најостро го осудува и бара итна реакција за експлицитните закани и говор на омраза упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук. Извесен профил именуван како Fisnik Hoxha (Фисник Хоџа) и упатил закана: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож”.
За оваа експлицитна закана по животот на новинарката Бехадини, Здружението на новинари (ЗНМ) излезе со реакција и го пријави до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика.
Но, и покрај вчерашната пријава, истиот профил продолжува да и се заканува на новинарката Бехадини.
„Рита Бехадини пишувајте за мене преку порталите, ама јас си стојам на зборот, фамилијата во у*** ќе ти ја е***, ќе дојде ден кога ќе ми паднеш во рака“.
Во друга објава на Фејсбук пишува: „Рита пишувај за мене, ама слушни ме добро, ќе те најдам и со бензин ќе те запалам, и ќе те обесам на плоштад „Скендеркоза“.
„Рита Бехадини, избриши ја објавата за Хоџата Омер и побарај извинување. Новинарката Рита Бехадини вчера и денеска 24/7 ја придружува 1 полицаец. Рита, под надзор си додека те фатам и многу добро знаеш што ќе те снајде“, пишива Хоџа.
Истиот лик и се заканил и на актерката и активистка Анита Љатифи која и даде поддршка на новинарката Бехадини.
„Анита Љатифи на мене ми се нафрлаш. На Рита увото ќе и го исечам, а тебе не увото, туку со секира ќе те направам на парчиња“.
Заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.
За ваков тип на закани оваа година ЗНМ издаде Протокол за безбедност на новинарките на интернет кој нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на новинарите и медиумските работници со посебен фокус на жените новинарки.
Д.М. (ЦивилМедиа)