Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(Фото) Кученце се качи на бината додека Петровска збореше – министерката се одлучи да го вдоми

Несекојдневен настан се случи денеска во касарната Јане Сандански во Скопје за време на промоција на 23. класа потпоручници од Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“.

Додека траеше говорот на министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода.

Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни.

Пред присутните министерката Петровска соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми кученцето, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново