Израелска делегација првпат во историјата е во официјална посета на Саудиска Арабија. Првата посета е реализирана поради состанокот во Саудиска Арабија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
Во Ријад пристигнаа израелски дипломати, претставници на израелското Министерство за образование и на израелската управа за антиквитети пристигнаа во Ријад.
Според дел од медиумите на состанокот Израел планира да лобира против вклучувањето на Ерихон како палестинска локација на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Израел учествува во работата на УНЕСКО како набљудувач, иако во 2019 година ја напушти организацијата, со образложение дека организацијата е против еврејската држава.
САД го поддржуваат Израел и се клучен сојузник на Саудиска Арабија, но Ријад нема дипломатски односи со Израел.