Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко надмина 2.800

Жителите на деловите на Мароко кои беа уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, и ноќеска спиеја на отворено четврта ноќ по ред, додека бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800.

Тимовите за потрага од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани од земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди планините Високиот Атлас доцна во петокот, уривајќи ги традиционалните куќи од кал кои се најбројни во регионот, пренесе МИА.

Државната телевизија доцна синоќа јави дека бројот на загинати се искачи на 2.862 и оти 2.562 лица се повредени. Бидејќи поголемиот дел од областа на земјотресот е во тешко достапни области, властите не објавија проценки за бројот на исчезнати.

Во селото Тинмел речиси сите куќи се уништени, а целата заедница остана без дом. Низ делови од селото се шири смрдеа од десетици мртви животни закопани под урнатините.

Жителите на Тинмел и други села изјавија дека со голи раце ги извлекле луѓето од урнатините.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 72 километри југозападно од Маракеш, каде биле оштетени некои историски градби во стариот град, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Земјотресот предизвика голема штета и на историската Тинмел џамија од 12 век.

Зачлени се на нашиот е-билтен