Сирискиот претседател Башар ал Асад в четврток ќе отпатува во Кина, во неговата прва посета по избивањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Сириската државна новинска агенција САНА соопшти дека на Ал Асад му била упатена официјална покана од кинескиот претседател Си Џинпинг за билатерални разговори.
Сирискиот претседател ќе биде придружуван од сопругата Асма, пренесе ДПА повикувајќи се на САНА.
Посетата ќе опфати и голем број состаноци и настани на кои Ал Асад ќе присуствува во градовите Хангжу и главниот град Пекинг.
Сирискиот претседател ќе биде придружуван од делегација во која ќе бидат министерот за економија и министерот за надворешни работи.
Последната посета на Ал Асад на Кина беше во 2004 година.
Кина, заедно со Иран и Русија, го поддржуваат Ал Асад од почетокот на бунтот против неговото владеење во 2011 година