Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Франција ги зајакна полициските сили долж границата со Италија

Франција денеска распореди хеликоптер на царинската полиција на нејзината јужна граница со Италија, каде веќе беа поставени антитерористички копнени возила како дел од мерките за зајакнување на граничните контроли и одговор на неодамнешното зголемување на пристигнувања на мигранти и бегалци на островот Лампедуза.

Меѓутоа, локалната администрација негираше дека е во тек антитерористичка операција, наведувајќи само дека граничните сили вообичаено работат на апсење на илегалните мигранти и нивно враќање во Италија, во што војската им помагала со зголемено присуство, пренесе Анса.

Хеликоптерот прелета над Пон Сен Лидовик и Понте Сан Луиџи на француската и италијанската страна на границата, што е популарна точка за премин за луѓето кои минуваат низ Италија на пат кон повеќе земји во северна Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен