Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган замина на средба со азербејџанскиот претседател Алиев

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина во автономната азербејџанска ексклава Нахчиван на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, јави агенцијата Анадолија.

Алиев ќе го пречека Ердоган со официјална церемонија, а потоа ќе одржат тет-а-тет разговори на кои ќе стане збор за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, особено за последните случувања во Карабах. Тие подоцна ќе одржат заедничка прес-конференција.

Двајцата лидери, исто така, ќе присуствуваат на церемонијата на отворањето на гасоводот кој ќе ги поврзува Нахчиван и соседната област Игдир во Источна Турција, како и на отворањето на модернизиран воен комплекс во азербејџанската ексклава.

Анкара и Баку се согласија во 2020 година да доставуваат природен гас од Турција до азербејџанската Автономна Република Нахчиван. Новиот гасовод во должина од 85 километри ќе води од Игдир до Седерек во Западен Азербејџан, со годишен капацитет од 500 милиони кубни метри, односно 1,5 милиони кубни метри дневно.

Проектот ќе се реализира преку партнерство помеѓу компанијата за сурова нафта и природен гас на Турција БОТАШ и азербејџанската државна нафтена компанија СОЏАР

Зачлени се на нашиот е-билтен