Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерството за култура има формирано тим кој ќе работи на Универзална сала

Реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје е веќе отпочната, но наиде на пречки со проектната документација во јули 2021 година, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсова. Токму поради овие пречки, додаде таа, се вклучи и  Министерството за култура.

– И оваа постапка како што е во својата фаза во последниот квартал на извршување Министерството треба само да го доврши и понатаму да отпочне новата постапка која што е за средување на внатрешноста на самиот објект. Така што, ова е отпочнат проект, само продолжува со својата реализација и во рамки на динамиката која што беше претходно утврдена верувам дека навреме ќе биде завршен, вели Арсовска.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека кога ќе ја добијат целосната документација и одлука од Град Скопје на неа ќе работи тим, којшто  веќе е формиран  од Одделот за капитални инвестиции и надворешни соработници.

-Ќе го погледнат проектот и ќе донесат одлука како понатаму да постапиме, односно ќе постапиме согласно динамиката, којашто е утврдена, но тоа не значи дека нема да ги спроведиме сите потребни постапки како Надзор при реконструкцијата и се она друго што опфаќа Универзална сала да биде реконструирана. Во таа помош што Владата ја понуди, односно во таа гаранција за Скопје 2028 не се предвидени средствата за реконструкција за Универзална сала, бидејќи тие средства се наоѓаат веќе во Град Скопје на посебна наменска сметка, коишто ние согласно документацијата ќе ги повлечеме на посебна буџетска сметка на Министерството за култура, вели Костадиновска-Стојчевска.

Во јули годинава Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за врем

Зачлени се на нашиот е-билтен