Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Педро Санчез доби мандат од шпанскиот крал да формира влада

Шпанскиот крал Фелипе Шести му даде мандат на вршителот на должноста премиер Педро Санчез да формира нова влада, откако неговиот ривал Алберто Нунес Феихо не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

Социјалистите на Санчез освоија помалку гласови од конзервативците на Феихо на парламентарните избори на 23 јули, но Санчез тврди дека може да собере доволно гласови во Парламентот за неговата кандидатура.

За да се формира нова влада, Санчез ќе треба да се договори со претставниците на каталонските сепаратистички партии. Доколку ниту еден кандидат за мандатот не обезбеди мнозинство до 27 ноември, ќе бидат распишани нови избори.

Според Еуроактив, Санчез се приближува до „моментот на вистината“, бидејќи наскоро ќе треба да објасни дали е подготвен да се сретне со сепаратистите кои бараат амнестија за сите уапсени по демонстрациите за независност на Каталонија.

Некои медиуми објавија дека социјалистите се подготвени на таа отстапка, за да ги убедат сепаратистичките партии да ги поддржат. Од друга страна, Феихо и лидерот на десничарската партија Вокс, Сантијаго Абаскал, веќе предупредија дека нивните поддржувачи ќе организираат масовни демонстрации доколку владата го усвои законот за амнестија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен