Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека очекува конкретни чекори од сојузниците кога станува збор за поддршката на Турција во борбата против тероризмот, два дена по бомбашкиот напад во Анкара.

„Сакаме да видиме конкретни пријатели, покрај пораките за осуда. Тие треба да знаат дека тие изјави за осуда на тероризмот нема да ни ги залечат раните“, рече Ердоган.

Турската полиција претходно денеска соопшти дека уапсила 928 лица ширум земјата осомничени за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). За време на операцијата се запленети повеќе од 840 парчиња оружје.

Во неделата двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени. Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдистанската работничка партија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново