Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словачка воведува привремена контрола на границата со Унгарија

Словачка ќе воведе привремена контрола на границата со Унгарија поради зголемениот број илегални мигранти, соопшти денеска словачката Влада.

Бројот на илегални мигранти, претежно од Блискиот Исток и Авганистан и кои влегуваат во Словачка од Унгарија на пат кон Германија и Западна Европа, годинава е зголемен за 11 пати.

Проверките на границата со Унгарија ќе започнат утре и ќе траат 10 дена. Мерката е донесена откако соседните земји Чешка, Полска и Австрија вчера воведоа привремени контроли на границите со Словачка.

Словачката Влада соопшти дека од почетокот на годината во земјата влегле речиси 40.000 илегални мигранти. Само минатиот месец влегле мигранти колку за цела 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен