Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Конечно нешто му влезе во главата на Румен Радев“, вели бугарски експерт по нуклеарна физика

Запрашан за можноста ЕУ да го вклучи нуклеарното гориво во следниот пакет санкции, бугарскиот претседател потсети дека во неколку наврати во Брисел го искажувал ставот на својата земја по ова прашање, што директно влијае на енергетиката и економијата на Бугарија.

-Не можеме да прифатиме санкција во нуклеарната енергија и доколку е потребно ќе наметнеме вето, нагласи шефот на државата.

Изјавата на претседателот Румен Радев дека Бугарија не може да прифати санкции против Русија во областа на нуклеарната енергија не се заснова на русофилски чувства или патриотизам. Тука се работи само за интересите на Бугарија.

Ова за БГНЕС го изјави експертот за нуклеарна енергија, проф. Јанко Јанев, директор на Институтот за управување со нуклеарно знаење во Виена.

-Фала му на Бога што конечно нешто му влезе во главата на претседателот, коментира експертот и додаде дека нуклеарната програма на Бугарија мора да ја сфатиме многу сериозно.

Тој потсети дека Бугарија управува со руска нуклеарна технологија повеќе од 45 години на местото на нуклеарната централа Козлодуј:

-Ја изградивме целата инфраструктура за реакторите ВВЕР. Не можеме да се откажеме од тоа. Имам многу почит за американската нуклеарна индустрија, но во моментов ќе ни биде многу тешко да изградиме американски реактор. Види, ни Полјаците не можат да го изградат и се свртеа кон Корејците, рече проф. Јанев.

Зачлени се на нашиот е-билтен