Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицотакис: Грција цврсто и непоколебливо ја поддржува ЕУ перспектива на Западен Балкан

 Грција цврсто и непоколебливо ја поддржува пристапната перспектива на Западен Балкан. Ние сме цврсти поддржувачи на потребата земјите од Западен Балкан да се интегрираат во европското семејство, но во исто време знаеме дека овој пат е тежок, кој бара од нив да направат значителни прилагодувања на европското законодавство, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето во Тирана на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мицотакис посочи дека принципот за кој не преговара ниту Европската Унија, ниту Грција, е почитувањето на владеењето на правото. 

-Почитување што мора да се манифестира во сите аспекти на функционирањето на организираната држава на сите земји од Западен Балкан, истакна грчкиот премиер и се задржа конкретно на Албанија и на случајот со градоначалникот на Химара Фреди Белерис. 

Рече дека ја почитува независноста на албанското судство и не сака да се меша во начинот на кој функционира, но додаде дека сака „категорично да нагласи дека Белерис има право да положи заклетва како градоначалник на Химара, дури и ако е во притвор“, бидејќи како што посочи тоа е „неотуѓиво право, кое произлегува од албанскиот уставен поредок“ и е „целосно компатибилно со европските правила на владеење на правото“. 

-Многу е важно господинот Белерис да положи заклетва како градоначалник на Хеимара, за да се отстрани оваа важна сенка, која во овој момент несомнено влијае на грчко- албанските односи. Ќе повторам и од овде, дека решавањето на ова прашање е неопходен услов за и Грција да го направи следниот чекор и да се согласи Албанија да го почне процесот на преговори со Европската унија, порача Мицотакис, исзразувајќи надеж дека проблемот може да се реши во духот на соработката и доброто расположение. 

Грчкиот премиер објасни дека за конкретното прашање ќе разговара со негиовиот албански колега Еди Рама. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново