Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата протестира против Рама, Курти побара поддршка од опозицијата во Косово

АЛБАНИЈА: Опозицијата во Албанија, на чело со лидерот на Демократската партија Сали Бериша ги започна најавените протести против владата на Рама. Протестите продолжуваат и денес и во наредните денови, до, како што вети Бериша, отстранувањето на Еди Рама. Според албански истражувачи  и новинари,  напорите на новите правосудни институции во борбата против корупцијата се „нагризени“,  поради слабото функционирање на превентивните механизми. Тирана е прогласена за Европска престолнина на спортот за 2023 година.

КОСОВО: Косовски политички аналитичари го ставаат под знак прашалник барањето на премиерот Албин Курти до опозицијата за поддршка во процесот на дијалогот со Србија. Финансирањето за рудникот „Трепча“  злоупотребен од минатите влади. Колумнистката Флака Сурои јавно ги посочи лидерите на опозициските партии за непреземање одговорност за нивниот удел во потпишувањето на предлогот за формирање Заедница на српски општини во Косово.

ТВ КЛАН: Опозицијата во Албанија започна со најавените протести

ШЕКУЛИ: Низок степен на казни за корупција, само 257 поранешни функционери се под истрага

АБЦ: Тирана, европска престолнина на спортот

БОТАПРЕС: „Кукавичлук“ или „нова финта“: Зошто Владата на Курти бара поддршка од опозицијата во дијалогот?

ДУКАЃИНИ: По војната во Трепча влегле над 100 милиони евра, од кои дел испариле

КОХА: „За земјотреси и бајки“

ТВ КЛАН: Опозицијата во Албанија започна со најавените протести

Албанската опозицијата вчера ги започна најавените протести. Вчера се  протестираше на булеварот „Дешморет е Комбит“ против власта „Рама“. Демократите пристигнаа во синиот штаб неколку часа пред почетокот на протестот, а потоа заедно со претседателот на ДП Сали Бериша маршираа кон кабинетот на премиерот. Од говорницата на протестот, главниот демократ упати силни обвинувања кон премиерот Еди Рама, барајќи негово итно заминување.

Шефот на демократите рече дека преку корупцијата на поранешниот функционер на ФБИ, Мекгонигал, Рама го зел во заложништво поранешниот претседател на ДП Лулзим Баша за да ја уништи опозицијата. пренесе албанскиот медиум ТВ Клан. Протестите денеска ќе се одржат пред албанското Собрание во Тирана.

ШЕКУЛИ: Низок степен на казни за корупција, само 257 поранешни функционери се под истрага

Корупцијата во Албанија и понатаму е вознемирувачка појава со последици во функционирањето на државните институции. Албанија и понатаму останува една од земјите со високо ниво на корупција и ниска неказнивост на високи функционери, пренесува албанскиот дневник Шекули.

АБЦ: Тирана, европска престолнина на спортот

„Предлогот на општина Тирана, подготвен во соработка со претставници на спортот, спортските федерации и Албанскиот олимписки комитет, е насловен „СПРИНТирана – спортот како промотор на издржливоста, инклузивноста, природата и трансформацијата“ и Трансформација). Насловот „Европски град на спортот 2023“ се доделува на различни европски градови од институцијата ACES EUROPE, поврзана со Европската комисија во Брисел.“, пренесе албанскиот медиум АБЦ.

БОТАПРЕС: „Кукавичлук“ или „нова финта“: Зошто Владата на Курти бара помош од опозицијата во дијалогот?

„Премиерот Албин Курти на собраниската седница во четвртокот побара поддршка од опозицијата во процесот на дијалогот со Србија. Иако ги има потребните гласови во Собранието, тој сепак побара помош од опозицијата, која е минорна во косовското Собрание. Познавачите на политичките состојби во земјава, барањето на Куртин го сметаат за чудно и неискрено.“, пренесе косовскиот медиум БОТАПРЕС.

ДУКАЃИНИ: По војната во Трепча влегле над 100 милиони евра, од кои дел испариле

„Косовската министерка Артане Ризваноли изјави дека не се точни тврдењата дека во Трепча не се работи  и дека има лошо менаџирање, бидејќи додаде дека е навреда за работниците на Трепча да се каже дека приватизацијата е решение.

Таа ги обвини претходните влади дека инвестирале над 100 милиони евра во Трепча и дека дел од нив бил злоупотребен.“, пренесува косовскиот дневник Дукаѓини.

КОХА: „За земјотреси и бајки“

„Ниту еден од лидерите на опозициските партии не помисли да изговори „mea culpa“ во име на партиите за фактот што „Заедницата“ е производ на потписите на лидерите на ПДК, поточно на ЛДК и гласот на мнозинството пратеници на овие партии, пред една деценија. Никој од нив не покажа ни најмала  намера да се вклучи во оваа фаза на екстремно голем притисок од Западот, заедно да одлучат за најдобрата опција што ќе донесе решение за проблемот во кој го ставија Косово.“, извадок од колумната „За земјотреси и бајки“ од реномираната косовска колумнистка Флака Сурои, објавена во косовскиот дневник КОХА.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен