Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Бели шлемови“ ги завршуваат операциите за потрага по преживеани во северозападна Сирија

Алепо, Сирија

Операциите за потрага по преживеани под урнатините ќе завршат во северозападниот дел на Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, изјави шефот на главната спасувачка група „Бели шлемови“.

-Тоа е пред крај. Индикациите што ги имаме се дека нема преживеани, но се обидуваме да направиме последни проверки на сите локации, рече Раед ал Салех.

Групата соопшти и дека ги собира имињата на исчезнатите луѓе во енклавата.

„Белите шлемови“ од вчера прогласија седумдневна жалост за жртвите од земјотресот во Сирија и Турција. Тие исто така го прогласија 6 февруари за годишен национален ден на жалост.

Зачлени се на нашиот е-билтен