Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Норвешка предупредува: Руски бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море

Норвешката разузнавачка служба во својот годишен извештај тврди дека Русија почнала да распоредува тактички бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море, првпат по 30 години.

-Клучниот дел од нуклеарниот потенцијал е на подморниците и површинските бродови на Северната флота, истакнаа норвешки разузнавачи.

Тие додаваат дека воените бродови на Северната флота редовно излегувале на море со нуклеарно оружје за време на Студената војна, но ова е првпат модерна Русија да го стори истото, пишува Политико.

Иако Русија има и подморнички капацитети, противсателитското оружје и кибер способностите кои би можеле да ја загрозат Норвешка и воениот сојуз на НАТО, тактичкото нуклеарно оружје е „особено сериозна закана во неколку оперативни сценарија во кои би можеле да бидат вклучени земјите на НАТО“, се наведува во извештајот.

Норвешката разузнавачка служба исто така нагласи дека не може да се исклучи ескалација на локализирана војна во поширок конфликт во кој се вклучени САД, НАТО и Норвешка. Разузнавачките експерти оценија дека Русија ќе го одржува, модернизира и развива својот нуклеарен арсенал, но не очекуваат значителни промени во руската нуклеарна доктрина во наредните години. (ЦивилМедиа)

Најново