Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција и Бугарија потпишаа меморандуми за нафтовод и за складирање на природен гас

Кирјакос Мицотакис и Румен Радев

Меморандум за нафтовод што ќе ги поврзе Александруполи и Бургас и меморандум за складирање на природен гас, потпиша денеска надлежните министри од Грција и Бугарија во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев.

Првиот меморандум, според истите информации, се однесува на можноста за изградба на нафтовод од пристаништето во Александруполи и ќе стигнува до Бургас, а вториот е за складирање на природен гас во двете земји.

Мицотакис изјави дека станува збор за „договори кои ја менуваат енергетската карта на Југоисточна Европа“, а Радев истакна дека со двата меморандума дополнително се зајакнува традиционалната соработка меѓу двете земја. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен