Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерство за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинати надмина 15.000

 Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека бројот на загинати во нападите на Израел надмина 15.200 и оти 70 отсто се жени и деца, а повеќе од 40.000 луѓе бил ранети.

Претходниот број на загинати беше повеќе од 13.300 мртви. Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кидра не го објасни остриот скок.

Од 11 ноември Министерството само спорадично може да објавува податоци поради проблеми со врските и големи нарушувања во работата на болниците поради војната.

Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци.

Израел ја засили својата офанзива по еднонеделното примирје во војната со Хамас, што предизвика повторна загриженост за цивилните жртви, иако САД го повикаа сојузникот Израел да направи сè што е можно за да ги заштити цивилите.

Многу од израелските напади денеска беа во областа Кан Јунис во јужна Газа, каде војската соопшти дека погодила повеќе од 50 цели на Хамас од воздух, копно и море.

Еден ден претходно, израелската армија фрли летоци со кои ги предупреди жителите да си заминат, но нема извештаи за голем број луѓе кои реагирале на предупредувањето, соопштија ОН.

Израелската војска соопшти дека ги засилила нападите на север и погодила повеќе од 400 цели низ Појасот Газа.

Израел вели дека таргетира оперативци на Хамас и ја обвинува организацијата за цивилните жртви, обвинувајќи ја дека дејствува во населбите. Израел соопшти дека 77 негови војници биле убиени во копнената офанзива во северниот дел на Газа и тврди дека убиле илјадници борци на Хамас, без да обезбеди докази.

Околу два милиони луѓе – речиси целото население на Газа, се во јужниот дел од појасот, каде Израел ги повика луѓето да се преселат на почетокот на војната и предупреди дека ќе ја продолжи својата копнена офанзива. Не можејќи да одат во северна Газа или соседен Египет, единствениот спас им е да се преселат во област од 220 квадратни километри.

Како одговор на американските повици да ги заштитат цивилите, израелската војска објави мапа каде може да престојуваат, но таа е збунувачка бидејќи ја дели Газа на стотици нумерирани, произволно нацртани парцели, понекогаш преку патишта или блокови згради и бара од жителите да го дознаат бројот на нивната локација, во случај на евентуална евакуација.

„Публикацијата не прецизира каде треба да се евакуираат луѓето“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања на палестинската територија и додаде дека не е јасно како оние што живеат во Газа би пристапиле до картата кога нема струја и постојано има прекин во телекомуникациите.

Соседен Египет изрази загриженост дека обновената офанзива би можела да ги принуди Палестинците да се обидат да преминат на нејзина територија. Во соопштение објавено доцна синоќа, египетското Министерство за надворешни работи наведе дека принудното преместување на Палестинците е „црвена линија“.

Обновените непријателства, исто така, ја зголемија загриженоста за 136-те заложници за кои израелската војска вели дека Хамас и другите екстремисти сè уште ги држат, откако 105 заложници беа ослободени за време на прекинот на огнот. За семејствата на преостанатите заложници, прекинот на примирјето значи намалување на надежите дека нивните најблиски може да бидат ослободени. Израелската војска вчера соопшти дека ја потврдила смртта на уште четворица заложници, со што бројот на загинати за кој со сигурност се знае се искачи на седум.

За време на прекинот на огнот, Израел ослободи 240 Палестинци од своите затвори. Повеќето од ослободените од двете страни се жени и деца.

Од обновувањето на непријателствата вчера, ниту еден конвој со помош или г

Зачлени се на нашиот е-билтен