Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Злоупотребата на убиство на дете во политички цели е злостороство: Ако се докаже дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира – треба да одговараат

Додека целата држава се обединува во тагата за изгубените животи на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови со полна пареа се обидува политикански да се пресметува со политичките противници и да ја користи трагедијата за продавање магла и освојување ситни политички поени.

Уште од понеделникот, ден по објавувањето на информациите за убиствата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна со невкусно политиканство и изнесување на дезинформации и шпекулации со цел да собираат политички поени. Ваквата кампања на опозициската партија продолжува и во текот на неделата, а последно и лидерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Шења изнесе низа тврдења кои покажуваат дека за доаѓање на власт, тој и партијата се подготвени на сè.

Мицкоски во интервјуто изнесе низа празни обвинувања и наводна загриженост за истрагата, обидувајќи се да го политизира целиот случај. Дополнително, Мицкоски истакна и дека поседува информации за случајот, кој нема да ги објави сега. Таквите информации рече дека ќе бидат објавени во иднина, веројатно наговестувајќи дека политичката злоупотреба на оваа трагедија опозициската партија ќе продолжи и во предизборниот период.

Ваквата злоупотреба на убиство на 14-годишно дете за политички цели е злосторство еднакво на убиство, бидејќи во јавноста креира атмосфера на нелагодност и несигурност, нешто на што реагираат и самите граѓани.

Прес-конференциите и изјавите на опозициската партија во кои ја злоупотребуваат трагедијата се мета на остри напади од граѓаните, па дури и нивните симпатизери, кои сметаат дека е невкусно и грозно да се кориси оваа ситуација за политиканство. Граѓаните исто така забележуваат дека најголем дел од обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им завршуваат со прашалници, свесни дека го користат немилиот настан за собирање евтини политички поени.

За политизирањето на целата ситуација, но и за отсуството на обзир на опозициската партија кон тагата со која се соочува целата држава, вчера критикуваше и лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски  кој рече дека ова е најодвратниот дел од политиката. Тој рече дека наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ политички се пресметува, но и подготвува за избори.

„Ова е време кога сите треба да тагуваме и сочувствуваме со жртвите. Ова е израз на политички простотилук, ништо повеќе од тоа. За жал, тој политички простотилук се обидува да ја води државата“ рече Јакимовски.

Сепак и покрај дезинформациите, продавањето на магла и шпекулациите кои се пласираат од ВМРО-ДПМНЕ, службите ги приведоа виновниците за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, а во Турција е уапсен и главниот организатор и егзекутор на злосторствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен