На жена ѝ се слоши среде говорот на Вучиќ, тој слезе од бината и ѝ пријде

Необична сцена го одбележа предизборниот митинг во Бачка Паланка, каде што на повозрасна жена од публиката ѝ се слоши додека Александар Вучиќ држеше говор. Вучиќ го прекина обраќањето, а медицинската екипа веднаш ѝ укажа помош.

Додека жената била на носилки и здравствените работници ја подготвувале за транспорт, Вучиќ слегол од бината и ѝ пришол. На снимката што подоцна беше објавена на неговиот профил на Инстаграм се гледа како ја фаќа за рака, жената го бакнува, а тој ѝ возвраќа со бакнеж.

Настанот предизвика различни реакции во српската јавност, медиумите блиски до власта го истакнуваа како емотивен гест, додека дел од корисниците на социјалните мрежи го критикуваа снимањето и објавувањето на моментот во кој на жената ѝ била укажувана медицинска помош.

Настанот се случил вчера, 4 октомври, за време на предизборниот собир во Бачка Паланка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?