Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Имаме многу дезинформации и политизација на двојното убиство, тоа не е добро за правдата

„Целиот овој период имаме многу дезинформации, невистини во јавноста, политизација на настанот. Тоа апсолутно не е добро за никого, ниту пак е добро за правдата. Ваквите тврдења кои се неоснова и неаргументирани извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите и навистина влијаат негативно на атмосферата и на семејствата. Меѓутоа, клучно во целиот овој процес е дека постапувањата започнуваат од моментот на пријавувањето. Се постапува врз основа на пријавите и тоа од моментот кога се пријавува“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека не сака шпекулациите да бидат на преден план. Една од нив е и дека било извршено убиството од една или друга етничка припадност, дека им било дозволено да избегаат во Косово, дека девојчето се наоѓа во џамија во Косово.

„Тоа беа најгнасните лаги. Тоа беше најдолното нешто што може да се случи. Ова се такви тврдења кои можат да ги направат десни екстремистички групи во овој период што апсолутно не соодветствуваат со реалноста и сакаа на тој начин да се предизвика недоверба и страв и покрај брзината и ефикасноста со којашто работеше полицијата“, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, шпекулациите во јавноста, пријавувањето за исчезнување е извршено на 24ти вечерта за исчезнување на лице коешто живеело само, фамилијата го побарала во еден момент и не го нашле и возилото не било тука. Се претпоставувало дека лицето заминало некаде со возило.

„Во тој момент започнуваат сите постапки во однос на истрагата во Велес од страна на секторот на МВР во Велес. Има стандардни процедури по кои се постапува и одат работите од општото кон поединечното во делот на истрагите. Тоа го знаат сите тие коишто тоа го работат како струка. Во однос на случајот во Скопје, после пријавувањето, се активираа сите механизми во однос на пронаоѓање на девојчето. Понатаму ние соопштивме како се утврдува поврзаноста со возилото, можните вршители и врз основа на сите тие мерки коишто биле преземени се доаѓа на крајот до извршителите на ова грозоморно дело“, заклучи Спасовски.

Паролата „Нема правда нема мир“ не до крај е завршена и исполнета. Тоа е парола којашто придонесе многу да се сменат работите од тоа што биле до 2016 година. Тоа можеме да го потврдиме со низа аргументи, посочи Спасовски.

Во однос на казнетите од тој период Спасовски посочи дека ефикасноста на постапките е многу значајна.

„Колку сакате брзо да ги завршите предистражните постапки на крајот ако нема ефикасна судска постапка. Во однос на измената на кривичниот законик не до крај ги гледаме придобивките. Можеби понатаму низ процесите ќе се покаже ефикасноста при користење на механизмите на кривичниот законик. Сепак, во тој дел треба да се прави многу за да имаме ефикасност во судскиот систем во кој што ќе веруваат граѓаните“, заклучи Спасовски.

Најново